28 Март, 2024
0.0410

Стопанската комора прослави 97 коморско организирање - во чии раце отидоа наградите?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија прослави 97 коморско организирање и притоа на свечена церемонија додели награди и специјални признанија за најуспешните компании, бизнисмени и организации за 2018 година. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески истакна дека ќе продолжат да работат сплотени и дека ќе бидат како и досега партнер на државата за реализирање на поголем економски раст. 

„Денес одбележуваме 97 години заедништво со македонскиот бизнис и 1096 денови до стогодишниот јубилеј. Не нарекувале на различни начини, и праведно и неправедно, но ние секогаш сме биле едно-Комора на успешните компании. Нема институција во државата што поседува капацитет со материјални и човечки добра како нашата Комора. Илјадници инженери, економисти, правници, магистри, доктори на науки е потенцијалот кој мора да се стави во функција на развојот. Ние сме партнери на државата со која имаме иста цел-членство во НАТО и ЕУ. Тие се наша голема одговорност“, истака Азески.

Меѓу добитниците на наградите е и проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива за успешно имплементирање на проекти од Стопанската комора на Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев подели дел од наградитие. Тој истакна дека ретко која организација во Македонија може да се пофали со ваков јубилеј.

На прашања на новинарите дали ќе растат платите, Анѓушев смета дека има три клучни фактори, а тоа се отворањето на нови работни места кои се зголемени во 2018 година во Македонија, потоа влезот на нови странски инвестиции, но и иселувањето со што се намалува расположливата работна сила, па затоа и платите ќе станат поконкуретни. 

Доделени беа наградите на следните добитници:

Најголеми реализирани инвестиции - Алкалоид

Најголем нето извозник - Џонсон Мети

Долгогодишна коморска активност - Комерцијална банка АД Скопје

Мите Шапковски Металопромет Струмица

Успешен стопанственик - Андреја Јосифовски, Макпетрол

Успешна компанија - Сивус

Специјално признание за Развој на дуалниот модел на образование - Костал, ЛХТ Леарница и Дрекселмаер

Специјално признание за инвестиции во странство што ќе поттикнат извозни активности на македонски производи - КАМ маркети и Даути комерц 

Специјално признание за компанија со најголем број на учесници на едукативни настани во Стопанската комора на Македонија во 2018 - Арцелор Митал

Специјално признание за успешна соработка при заедничка реализација на проекти - УСАИД и Бизнис регулатива; Амбасада на Швајцарија

Специјално признание за унапредување на регионална економска соработка и КИФ

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат