24 Април, 2024
0.0262

Стопанствениците од Визбегово втор ден на протест, бараат Шилегов да побрза заради дистрибуцијата

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Стопанствениците од погоните од индустриската зона во Визбегово денеска излегоа повторно на протест и побараа од Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, побргу да го реконструира мостот, бидејќи функционирањето на една лента од Јадранската магистрала веќе долго време создава метеж и ја прави нефункционална дистрибуцијата.

Протестот се одржа на потегот од Словенечка, во правец кон Скопје, до крстосницата Момин Поток, каде што се врши реконструкцијата на мостот. Од здужението на зоната Визбегово, која е една од најголемите во Македонија, велат дека ситуацијата е два месеци непроменета а тоа е премногу долго за едно стопанство, кое во овој случај не може да функционира.

– Со излегувањето на протест сакавме да го искажеме нашето незадоволство од предолгата реконструкција на мостот. Не се работи ефективно и токму тоа е причината што реконструкцијата трае предолго. А во индустриската зона на Визбегово функционираат 300 компании и има над пет илјади вработени. Некои, како што се дистрибутивните компании, имаат потреба да излегуваат со возила по неколкупати во денот, а во сообраќајните колони заглавуваат и по половина час, а тоа е огромна загуба. Ова веќе е неподносливо и токму затоа излеговме на протест, велат од Здружението на компании од индустриската зона Визбегово.

Од Градот Скопје вчера реагираа дека реконструкцијата на овој мост е планирано да се изврши во рок од 60 дена. Рокот на изведба на оваа реконструкција во согласност со договорот и проектната документација е до 2 јули годинава, нагласуваат градските власти.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?