20 Април, 2024
0.0274

Стотици деца го исполнија со звуци паркот Капиштец

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

– Насмеани детски лица и звуци од десетици перкусивни инструменти вчера го исполнија со забава и музика паркот Капиштец, каде што се одржа вториот настан во рамките на проектот „На одмор сум во Скопје сум - Општина Центар мисли на мене“.  Музичката работилница ја посетија над 200 деца, инспирирани од слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и дојдоа со своите родители на двочасовно дружење, пеење и забава.


Веселата атмосфера го потврди правилото дека за добро расположение се потребни само малку музика, зеленило и соседско дружење. Децата активно учествуваа во сите делови од работилницата, чија цел беше музичка едукација преку игра едукативно. Тие учеа за ситни перкусии, имаа можност да ги видат, слушнат и да свират на некои од изложените инструменти, а правеа и свој инструмент од празно шише полно со ориз. Пред нив беа изложени вибрафон, маримба, тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други интересни и невообичаени перкусивни инструменти. Слушаа и детски песни изведени во живо, а дел од работилницата беше и вежба во која децата го користеа своето тело како инструмент.

Родителите велат дека овие работилници се извонреден начин нивните деца да поминат квалитетно и содржински исполнето време додека се надвор при вообичаените попладневни прошетки.  Тие посакуваат и во иднина, и не само во лето, да се организираат вакви настани.
- Посакуваме да се организираат уште вакви интересни настани за децата. Тие уживаат во ваквите игри, а ова е добра можност и за нас возрасните да се видиме - рече една мајка.


Циклусот детски настани, кои ги организира општина Центар, започна минатата среда со ликовна работилница. Основната цел на проектот е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст, но и да се врати маалскиот живот низ населбите во општината. Забавата во Центар продолжува идната среда кога ќе се одржи работилница посветена на театарот.

Следната детска работилница ќе биде посветена на театарот, а ќе се одржи следната среда. 


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга