29 Март, 2024
0.2899

Стотици куќи под вода во најголемиот град во Австралија, надлежните велат дека има опасност од нови поплави (ФОТО)

Објавено во: Свет 05 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Стотици домови се поплавени во и околу најголемиот град во Австралија, Сиднеј во поплавите кои погодија околу 50.000 луѓе, соопштија официјални лица.

Службите за итни случаи спасија околу 100 луѓе заробени во автомобили на поплавени патишта или во домови под вода во областа Сиднеј во текот на ноќта, изјави шефот на службата за итни случаи, Ешли Саливан.

Деновите на бурни дождови доведоа до кршење на браните и излевање на реките. Ова е четврта закана од поплави во последните 16 месеци во делови од градот кој има околу пет милиони жители. Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, изјави дека биле дадени наредби за евакуација на околу 50.000 луѓе.

- Ситуацијата се уште е тешка. Ве молам, не се опуштајте, каде и да сте. Бидете внимателни кога возите. Низ нашата држава се уште постои голема опасност од нови поплави - рече тој.

Државната влада на Нов Јужен Велс прогласи катастрофа во 23 области на локалната самоуправа во текот на ноќта, активирајќи ја финансиската помош од федералната влада за жртвите од поплавите.

Фото: EPA/ JEREMY PIPER

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?