СТОТИЦИ СРПСКИ ЖЕНИ И ПАРОВИ БЕА ПРИНУДЕНИ ДА ОДАТ ВО ПРАГА, СОЛУН, СКОПЈЕ... - Брнабиќ остро им одбруси на Двери

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2022
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, остро реагираше на позициите на движењето Двери насочени против популационата политика во земјата и новите мерки за поддршка на наталитетот со овозможување ин витро оплодување во Србија со дониран репродуктивен материјал.
Имено, таа реагираше откако весникот Данас го објави написот: „Двери: Ин витро оплодувањето со дониран материјал може да влијае на промената на геномот на идните генерации“.
Во оваа прилика, премиерката се огласи на Твитер и го напиша следново:
- Срам да ви е - и несреќниците од Двери, и медиумите кои емитуваат вакви глупости без никаков критички осврт или коментар, со што директно промовираат такви ставови.
- Стотици жени и парови од Србија беа принудени на овој начин да го постигнат родителството, но мораа да се борат за тоа во Прага, Солун, Скопје и други земји и градови, бидејќи тоа не можеа да го направат во својата земја - напиша таа и заклучи:
- Наскоро ќе можат, затоа што имаат одговорна влада која работи во интерес на нашите граѓани и нашата држава, а не промовира бесрамна фашистичка идеологија и глупост. Уште еднаш: срам да ви е - и Двери и Данас.
Можеби ќе ве интересира
Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ и натаму стои искршен во Благоевград, градоначалникот вели дека е соба за провоцирање

(ВИДЕО) Копаоник е отсечен, а отворањето на најдолгата стаза е одложено

(ВИДЕО) АВТОМОБИЛИ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ: Невреме ја зафати Грција

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО КОСОВО: Пукање од возило во движење

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Без струја се 25.000 луѓе

ПРИШТИНА ЈА ЗАБРАНИ ПРОДАЖБАТА НА ЗЕЈТИН ОД СРБИЈА: Нареди итно повлекување од рафтовите

Сијарто до Америка: Никој oд надвор не може да ни каже како да живееме

Вучиќ потврди дека Албанци изболе млад Србин во Витина
