Стотици заболени и хоспитализирани во Монголија по јадење во локалниот ресторан KFC
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2019
Четириесет и двајца луѓе во Монголија биле хоспитализирани, а стотици имале симптоми на болест од контаминирана вода и пијалоци а здравствените власти се сомневале на ресторан KFC во најголемиот монголски град Улан Батор.
Властите од Професионална инспекција прстот за 247 случаи на дијареја, повраќање и треска пријавени месецов го вперија во локалниот Таван Богд кој ја поседува лиценцата за KFC франшизата.
Официјалните лица изјавија дека утврдиле сериозни прекршувања во здравствените стандарди и во контролите за внатрешна хигиена. Лабораториските тестови откриле бактерии во водата за пиење и ешерихија коли во пијалоците, пренесе Блумберг.