18 Април, 2024
0.0362

Стотина полицајци кои не мрднаа со прст на 27 април се пред отказ

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Стотина припадници на МВР од различни единици се пред отказ бидејќи по направената внатрешна контрола е многу блиску до утврдување на одговорност за непостапување по службена должност за време на настаните во Собранието на 27 април. 

Министерството за внатрешни работи веќе им даде отказ на 11 припадници на Шестата управа кои не постапувале професионално на 27 април во Собранието, 31 припадник на МВР е под суспензија се уште, а против 70 полицајци и старешини се водат дисциплински постапки затоа што не одговориле на уставните и законски обврски за што може да се соочат со откази.

Припадниците на МВР долго време на Крвавиот четврток не реагираа кога упадна гневната толпа за да се пресмета со пратениците на новата власт и предизвика серија на тешки инциденти. Брутално беа претепани неколку пратеници и новинари, а Зоран Заев беше пред физичка ликвидација. Меѓу насилниците имаше и маскирани луѓе со фантомки кои добро ги координираа групите за напад, па се претпоставува дека дел од нив се припадници на војска или полиција. 

Полицијата не беше на ниво на задачата но, без оглед што 2 часа не добиле никаква наредба од Митко Чавков, тогашниот шеф на оперативниот штаб за справување со протестите, поради законските обврски морале да реагираат и да ги заштитат нападнатите пратеници како и да си ја вршат својата должност за одбрана на државна институција и одржување на јавниот ред и мир. Подоцна дојде до интервенција на група на специјалци кои одговараа директно пред министерот за внатрешни работи Нихуи иако и самиот тој лошо се снајде и доцнеше со реакцијата барајќи го Чавков два часа да му одговори.

Чавков, како екс началник на БЈК и останатите полициски и разузнавачки структури кои се директно или индиректно вмешани во Крвавиот четврток кривично единствено може да одговараат доколку тоа го побара Јавното обвинителство. Додека ОЈО го водеше Зврлевски истрагата и постапувањето за Крвавиот четврток се одвиваше тромазно и без поголем ефект, па дури ни Чавков не бил повикан на распит ниту пратеницте осомничен дека од внатре ги отвориле вратите на Собранието за да влезе гневната толпа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?