25 Април, 2024
0.0273

СТРАНЦИТЕ НАЈСКАПО ГО ЧИНЕЛЕ: Колку пари им инкасирал Груевски на советниците?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски годишно за советници трошел најмалку 1,73 милиони евра, три пати повеќе од актуелниот премиер Зоран Заев, соопшти вчера владата.

Владата со тоа одговори на повеќедневните критики зошто премиерот има повеќе од 50 советници. Критиките почнаа кога поранешниот командант Хоџа, кој нема високо образование , беше ангажиран како надворешен соработник за безбедност и борба против радикализмот, но поради притисокот од јавноста тој се повлече.

Со соопштението Владата објави и список од 91 советници и „надворешни соработници“ на Никола Груевски од 2006 до 2010 година, со напомена дека тоа не е конечен број, бидејќи недостасуваат податоци за тоа од авторските агенции, како и поради „обемната архивирана документација и нестандардно архивирање“ на документи за соработниците на поранешниот премиер.

Владата додава дека некои од нив примале и плата од 7 000 евра месечно.

ВМРО ДПМНЕ СЕ ПРАВДА

Со демант се јавија од опозицијата.

Од таму го правдаат екс премиерот и актуелен пратеник Груевски дека нивниот тогашен лидер имал само 20 соработници а другите биле дел од администрацијата.

„Од листата што денеска беше објавена од Владата на која фигурираат 91 име како надворешни советници и соработници на Груевски е манипулација. Се работи за 20 лица, додека останатите беа  дел од државната администрација, каде во систематизацијата постои звање советник“, рече вчера Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Кој се офајдил најмногу?

Најголем надомест од 2500 па до 5000 евра месечно добивале странските советници.

За 2500 евра месечно Словенецот Марјан Хрибат го советувал Груевски околу прашања поврзани со туризмот додека Американецот Џорџ Пери за привлекување на странски инвестиции го чинел екс премиерот 5.000 долари месечно.

3000 евра месечно Груевски го плаќал синот на поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Александар Никовски додека 4000 евра оделе во џебот на Бртитанецот Колин Џефри . Тој го советувал Груевски околу инвестциите, а почина неодамна во скопски хотел.

Но, за странски инвестиции Груевски го советувал и Александар Никовски, син на поранешниот амбасадор Ристо Никовски, кој за оваа услуга добивал 3.000 евра месечно.

Понатаму, Бртитанецот Колин Џефри, кој неодамна почина во еден скопски хотел, добивал 4.000 евра месечно, советувајќи го премиерот за инвестиции.

25 000 долари годишно пак добивал Израелецот Џошуа Глајтман. Тој делувал како советник на технолошки развој и иновации.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија