СТРАОТНА ГЛЕТКА: „Летале" делови од автобусот, стаклата биле искршени, а куферите и торбите исфрлени
Објавено во: Свет 30 Јули, 2021
„Летале" делови од автобусот кој направи сообраќајка во Германија, а во кој се превезувале и се повредени Срби. Автобусот е уништен, стаклата искршени, а куферите и торбите исфрлени. Наоколу се забележува облека и делови од автобусот.
Седум државјани на Србија се повредени откако туристички автобус се превртел на автопат во Германија. Од амбасадата потврдија дека во несреќата се повредени српски студенти, но тие не се во животна опасност.
„Сместени се во болница поради понатамошни прегледи и евентуална интервенција", рекле од Српската амбасада.
Несреќата се случила во близина на градот Шенвалд во Бранденбург, а во акцијата за спасување биле вклучени шест хеликоптери и повеќе од 60 возила. Засега не е познато како дошло до превртување на автобусот. Внатре имало 19 лица, 17 патници и двајца шофери на возраст од 21 до 64 години. Во возилото имало Срби, Швеѓани, Израелци и Германци.