СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО АРГЕНТИНА: Млада мајка починала и држејќи го своето бебе го задушила
Објавено во: Свет 09 Мај, 2021
Младата мајка, 30-годишната
Маријана Охеда и нејзиното бебе починале минатата недела во северниот дел на
аргентинскиот град Кориентес, поради бизарна несреќа. Мајката починала додека го
доела двемесечното девојче. На неа во еден момент и се слошило, паднала врз
бебето и го задушила. Сопругот неколку пати безуспешно се обидеа да ги добие на
телефон. Дома било само тригодишното синче кое се обидувало да повика помош.
Сопругот се посомневал дека нешто не е во ред кога неговата сопруга не одговарала на телефон, па отишол дома и видел ужасна глетка. За новинарите изјавил само дека неговиот син му рекол дека не може да ја разбуди мајка си.
Обдукцијата не покажала знаци на насилство. Младата мајка имала проблеми со висок крвен притисок и лекарите се сомневаат дека паднала во шок поради компликации и починала. Локалната полиција известува дека околностите сè уште се испитуваат, пренесува Дејли Меил.
ФОТО: Фејсбук