Страшна трагедија во Индија - Шеесетина деца почина поради недостиг на боци
Објавено во: Свет 12 Август, 2017
Најмалку 60-ина деца умреле во најголемата болница во областа Горакпур, во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш најнаселената во земјата, оваа недела, а тамошните медиуми пишуваат дека причина за тоа е недостиг од апарати со кислород.
Меѓу жртвите се и 34 новороденчиња кои умреле на неонаталниот оддел за интензивна нега, а 12 починале од енцефалитис. Другите дечиња починале од други причини коишто не се наведени.
Локалните медиуми известуваат дека некои од смртните случаи се предизвикани од недостиг од кислород, бидејќи приватниот снабдувач ја повлекол својата опрема откако болницата не ги исплатила своите обврски кон него. Болницата „Baba Raghav Das Medical College“ (BRD) негира дека тоа е причина за смртта.
Болницата соопштила дека во четвртокот се случил „пад на притисокот при снабдувањето со течен кислород“, но истакнува дека цилиндарите ги набавиле од различни снабдувачи, а не наведува дека тоа било причина за смртните случаи. Во четвртокот починале 23 деца, вклучително и 14 новороденчиња на неонаталниот оддел.
Индиските власти го истражуваат случајот, а ситуацијата лично ја следи и премиерот Нарендра Моди, бидејќи опозицијата за оваа трагедија ја обвинува негрижата на неговата владејачка партија BJP.