Страшно труење со печурки во Иран, 800 отруени, 11 починале
Објавено во: Свет 21 Мај, 2018
Труење во Иран. Локалните медиуми објавија одредени информации.
Имено, повеќе од 800 луѓе се отруле од диви печурки во неколку провинции во западен Иран, а 11 од нив досега починале.
Повеќе од 200 луѓе се во болница поради труењето, изјави претставник на Министерството за здравство, истакнувајќи дека не постои ефикасен третман за вакво труење. Смртоносните печурки изгледаат многу слично на оние кои се за јадење, велат властите.