СТРАСТИТЕ ВРИЈАТ НА НАЈЈАКО: Кошкање во врвот на МВР по неколку одлуки на Чулев

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2020
Вријат страстите во највисоките структури во министерството за внатрешни работи.
Десет дена на функција новиот технички министер поништи одлуки но и донесе нови кои за опонентите се политички мотивирани.
Наќе Чулев го замени доскорешниот министер Оливер Спасовски на позицијата прв човек на МВР согласно договорот за техничка влада. Спасовски пак седна во премиерското столче на Зоран Заев.
Неколку дена во институцијата која треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, се случуваат партиски кошкања и натегнувања за дел од одлуките кои ги носи новиот технички министер.
Поништени прераспределувања
Она што прво го направи Чулев е поништувањето на сите прераспределби на полициски службеници кои се со потпис на поранешниот министер Оливер Спасовски.
Наредба која техничкиот министер ја дал преку телеграма до сите организациски единици на МВР.
Со него на оваа тема не се согласи заменичката Славјанка Петровска која веќе најави и кривична пријава против Наќе Чулев кој пак смета дека зад кривичната се кријат политички мотиви.
Одземање на возилата нова препрека меѓу техничкиот министер и неговата заменичка
Она што дополнително ги зовре страстите меѓу двајцата највисоки раководни лица во МВР е телеграма со која Чулев бара да се вратат околу 35 службени возила кои премиерот Спасовски, ги имаше распределено во повеќе институции. Едно од тие возила го користеше и претседателот Пендаровски а тој како што кажа не го знае мотивот за оваа одлука на Чулев.
И додека од СДСМ го обинуваат Чулев дека поважни му се возилата отколку безбедноста на граѓаните, од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека возилата од владеачката гарнитура се користеле за приватни цели.
Според техничката заменик министерка со одлуката на Чулев се загрозува безбедноста на граѓаните но и на неколку амбасади и гранични премини.
-На овој начин Чулев создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата – посочува Славјанка Петровска – заменик министер во МВР .
За Чулев пак нема ништо спорно во оваа одлука. Тој тврди дека одлуката доаѓа по направени консултации со правниот тим со кој работел Спасовски.
Неприфатлив предложениот шеф на СВР Скопје
Петровска и Чулев не најдоа ниту заеднички јазик за новиот шеф кој ќе раководи со секторот за внатрешни работи на територија на град Скопје.
Ристо Ставревски не е прифатлив да биде шеф на СВР Скопје, за заменичката министерка во МВР , која не ја потпишала одлуката за негово назначување.
За СДСМ Ристо Ставревски е несоодветен кадар вмешан во судските случаи Титаник и Тенк, бил десна рка на Јанкулоска но според ВМРО ДПМНЕ Ставревски е професионалец и неосудуван и го поседувал сертификатот за доверливи информации кој што е издаден во периодот додека бил претходниот министер, Оливер Спасовски.
Она што последно го најави заменик министерката е кривична пријава против техничкиот министер кој ја извршува фунцкијата прв човек на МВР.
Фото: Канал5
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
