16 Април, 2024
0.0267

СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Регулаторните тела за ревизија на чекор до потпишување договор

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Деталите околу Договорот за соработка и партнерство на регулаторните тела за ревизија на Македонија и Грција, на состанокот во Атина ги договараа претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Северна Македонија Ване Цветанов и заменик -претседателот на Националниот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди на Грција и претседател на Комитетот за контрола на квалитетот Панајотис Јанопулос, по што се очекува овој договор наскоро да биде потпишан, јави дописничката на МИА од Атина.

Стратешкатата соработка помеѓу двете реулаторни тела ќе овозможи развој на внатрешните капацитети на Советот за унапредување и надзор на ревизијата и целосно усогласување на неговите законски надлежности и уредбата за ревизија на прваните лица од јавен интерес со европските директиви.

Во изјавата за МИА, Цветанов и Јанопулос изјавија дека Грција е подготвена да ѝ понуди секаква помош и техничко знаење на Северна Македонија во процесот на усогласувањето на системите и законите со меѓународните и европските стандарди и регулативи, но и за да стане официјален ментор на нашата земја и да помогне за влез во Меѓународниот форум на независни ревизорски регулатори (IFIAR) и во европското тело за ревизори.

-Ние сме веќе пред потпишување на официјални договори за официјалниот регулатор од Грција, што е во делот на ревизијата, да најдеме форма и начин да стане наш официјален ментор, да ни помогне во влегувањето во меѓународните институции како што е IFIAR, исто така во европското тело за ревизори, објаснува Цветанов.

Јанопулос ја изрази целосната подготвеност на Грција да помогне, објаснувајќи  дека тие имаат веќе искуство со ваква помош и поддршка за други земји, со оглед на тоа дека веќе работеле со Грузија.

-Она што се обидува Северна Македонија да го воведе се нови системи кои ќе бидат поблиску до ЕУ и меѓународните стандарди. Врз основа на ова, Ване е тука да ни ги постави сите прашања и сите пречки со кои досега се соочил и ние ќе сториме сè што можеме за да помогнеме во оваа насока, вели за МИА заменик -претседателот на Националниот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди на Грција и претседател на Комитетот за контрола на квалитетот.

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Северна Македонија, дополнително, објасни дека во изминатата година биле направени промени во институцијата, со дополнителни вработувања, овозможен поголем буџет, обезбедени соодветни обуки, како и набавена хардверската техника, а Министерството за финансии веќе го изработи новиот закон за ревизија.

За таа цел, како што објасни, денеска се одржува и работилница со овластени осум до девет ревизори од државата, со експерти од Бугарија, Словенија, Хрватска, како и Јанопулос од Грција, а целта, според Цветанов е законот да биде „поприменлив за професијата, појасен и целосно усогласен со меѓународните и најголемите светски стандарди“.

-Мора да воспоставиме темел за изградба на еден сериозен систем и од следната година не чека многу многу работа на заживување на тој систем каде што ќе биде добредојдена помошта од пријателска Грција затоа што, без разлика што ќе имаме европски закон, ќе имаме институција, ако немаме квалитетно „know-how“ искуство и знаење кое ќе ни го преточува некој, ние нема да можеме најправилно да го изградиме тој систем за ревизија. Станува збор за специфичен систем каде што има премногу стручна материја и затоа идејата е во идни проекти, експерти од Грција, како држава која со векови наназад има историја во финансискиот систем, да учиме од најдобрите, вели Цветанов. 

ИЗВОР МИА


Можеби ќе ве интересира

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

ЕВЕ КАДЕ ГОРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Евидентирани 22 пожари

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради