Страв од атентат врз Вучиќ за време на посетата во Загреб
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2018
Бројни полициски сили се распоредени по улиците на хрватската престолнина поради присуството на Вучиќ во Вргинмост утре и задутре. Се планира ангажирање и на антитерористички единици. Од таму велат дека безбедноста мора да биде на највисоко ниво.
Вознемирени се и во Белград.
Кога Вучиќ бил во посета на БиХ тој бил нападнат од страна на група демонстранти, па затоа и Хрватска сега е уплашена токму поради тие случки, вели министерот за внатрешни работи на Небојша Стефановиќ.
Посетата на Вучиќ се случува како би се нормализирале односите меѓу двете земји. Тој е поканет од страна на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.
На социјалните мрежи пак во Хрватска повикуваат граѓаните да го дочекаат Вучиќ со спуштени ролетни како знак дека не е добредојден.