14 Декември, 2024
0.2362

СТРУМИЦА ОСТАНА И БЕЗ КАНАЛ ВИС: По 33 години телевизијата е затворена, а вработените ќе бараат нова работа

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

По повеќе од три децении информирање на граѓаните, регионалната телевизија Канал ВИС од Струмица го прекина своето емитување. Со затворањето на овој медиум, градот остана без локална телевизија која ги следеше и прикажуваше најважните настани и случувања од регионот. Вработените завршија во Агенцијата за вработување, а телевизискиот сигнал згасна, оставајќи празнина во медиумскиот простор на градот.

Еден од најпознатите новинари од овој медиум, Ване Трајков на ФБ напиша:

Секој почеток има и свој крај.... По речиси 22 години работа заврши приказната Канал ВИС за мене.... Жалам што граѓаните од Струмица и регионот во моментов останаа без уште една телевизија.... Благодарност до сите колеги, со кои делевме и добро и лошо во изминатите години и ги прифаќавме предизвиците на локалното и регионално телевизиско новинарство .....

Жалат и струмичани

„Навистина е тажно. Канал ВИС беше дел од секојдневието на сите нас. Не само што информираше, туку создаваше чувство на заедништво“, вели Јованка М од струмица.

„Кога слушнавме дека Канал ВИС се затвора, беше како да губиме значаен дел од Струмица. Телевизијата беше наш глас, наш медиум“, со носталгија споделува Татјана Р.

Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Првично, телевизијата започна како локален медиум, но изминатата деценија функционираше како регионална телевизија. Со години, во неа работеа десетици новинари, сниматели и технички персонал, кои креираа вести, авторски емисии и разнолика програма. Во текот на летото оваа година, бројот на вработените беше значително намален, што укажуваше на сериозни проблеми.

„Недостигот на локални медиуми значи дека нашиот град губи значаен дел од својот идентитет. Телевизијата беше повеќе од извор на информации – таа беше место каде што се слушаше гласот на Струмица“, завршува пензионерот Ѓорѓи М. човек кои сите овие години секојдневно ја следел програмата на ВИС.

Струмичани сега се соочуваат со празнина која ќе биде тешко да се пополни, а затворањето на Канал ВИС останува потсетник за важноста на локалните медиуми во едно општество.

А. Б.

фото: ФБ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВА ШТЕТА НАПРАВИЛ ФРЧКОСКИ, МИНИСТЕРОТ МУЦУНСКИ Е ЗАГРИЖЕН: „Има и специфична процедура за амбасадорите Жерновски и Мемед

КОЛКАВА ШТЕТА НАПРАВИЛ ФРЧКОСКИ, МИНИСТЕРОТ МУЦУНСКИ Е ЗАГРИЖЕН: „Има и специфична процедура за амбасадорите Жерновски и Мемед

ЗАГИНА МИЛИЈАРДЕР, ОСНОВАЧ НА ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД: Неговиот син гледал се и не можел да му помогне

ЗАГИНА МИЛИЈАРДЕР, ОСНОВАЧ НА ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД: Неговиот син гледал се и не можел да му помогне

ПРВАТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА ЗА СТРУЈА ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА: Заеднички пазар на Србија, Словенија и Унгарија

ПРВАТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА ЗА СТРУЈА ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА: Заеднички пазар на Србија, Словенија и Унгарија

ЛИДЛ ПРИСТИГНУВА ВО УШТЕ ЕДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Градоначалникот гордо ја најави инвестицијата

ЛИДЛ ПРИСТИГНУВА ВО УШТЕ ЕДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Градоначалникот гордо ја најави инвестицијата

„ДЕЦА, БИДЕТЕ МИРНИ“ Е ПОРАКАТА НА САД ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: Аналитичарот Јонуз зборува за позадината на оваа одлука

„ДЕЦА, БИДЕТЕ МИРНИ“ Е ПОРАКАТА НА САД ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: Аналитичарот Јонуз зборува за позадината на оваа одлука

ПОЗНАТА БЕЛГИСКА КОМПАНИЈА ГРАДИ ФАБРИКА ЗА АВТОМОБИЛСКИ БАТЕРИИ ВО КИЧЕВО: Ќе се вработуваат 600 луѓе

ПОЗНАТА БЕЛГИСКА КОМПАНИЈА ГРАДИ ФАБРИКА ЗА АВТОМОБИЛСКИ БАТЕРИИ ВО КИЧЕВО: Ќе се вработуваат 600 луѓе

„ШИЛЕГОВ И УСТАВНИОТ СУД СО ПОДДРШКА НА БАЛИСТИЧКИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ“: Левица обвинува

„ШИЛЕГОВ И УСТАВНИОТ СУД СО ПОДДРШКА НА БАЛИСТИЧКИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ“: Левица обвинува

ПЕРИНСКИ ИМА ПЛАН И ВИЗИЈА ЗА СКОПЈЕ: „Воопшто не ме фаќа страв да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори

ПЕРИНСКИ ИМА ПЛАН И ВИЗИЈА ЗА СКОПЈЕ: „Воопшто не ме фаќа страв да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори

ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО – 10 СТЕПЕНИ, ВИКЕНДОВ НОВ СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Најави за силен ветер, дожд и снег, за Нова година и над 50 сантиметри

ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО – 10 СТЕПЕНИ, ВИКЕНДОВ НОВ СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Најави за силен ветер, дожд и снег, за Нова година и над 50 сантиметри