Струмичанец криел мигранти
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018
27 годишен Струмичанец со иницијали 3.3. криел мигранти од Авганистан и Пакистан.
Како што соопштија надлежните мигрантите се најдени синоќа во 23.40 часот на регионалниот пат Куманово - Свети Николе кај местото Искрин мост во возило „фиат скудо“ со струмички регистерски таблици.
Мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.