Струмичкиот градоначалник најави поефикасни контроли на местата каде што се собираат млади
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020
Коста Јаневски, градоначалникот на Струмица, по состанокот со надлежните служби и инспекциските органи, денес рече дека ќе се интензивираат контролите во наредниот период во угостителските објекти за кои се смета дека има групирања и забави за младите во градот.
- Да се интензивираат сите мерки, да има предупредувања, па и казни, на сите оние кои што не ги почитуваат мерките. Заклучивме дека тоа во момоентов е можеби единственото ефикасно оружје кое треба да го употребиме. Загрижува фактот што највисок процент на новоинфицирани наши граѓани е на возраст од 15 до 30 години. Тие се најприсутни во тие објекти каде што има групирање, рече денеска Јаневски во Струмица.
Во овој регион има стотина заболени, а на социјалните мрежи има постојано поплаки дека има групирања на млади во кафулиња, кои суштински работат како ноќни клубови.