СТУД ВО ЕВРОПА: Починаа повеќе од 60 луѓе
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2017
За 24 часа во Полска 6 луѓе починаа од смрзнување.
Од 1 ноември 2016 година починаа 71 човек во Европа од студ.Ладниот бран однесе над 60 жртви во Полска, Романија и други балкански земји, пишува Франс прес.
Полската полиција апелираше граѓаните да им помагаат на загрозените, бездомниците, а старите луѓе да не излегуваат ако немаат потреба.
Во Македонија има 3 смртни случаи, а во Албанија еден.
Во Романија 6 лица починаа од студ.
Во Украина починаа 24 луѓе, а во Белорусија 10 од премрзнување.
Во Русија годинава го имаа најладниот Божиќ за 120 години.
Наредните денови во некои делови на Европа ќе биде и -40 степени.