СТУДЕН ТУШ ЗА ЏАФЕРИ ВО ЦРНА ГОРА: Тој е познат по носењето на автомати и пукање
Објавено во: Македонија, Балкан 01 Март, 2019
Лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ, во Парламентот на Црна Гора, порача дека Демократскиот фронт нема да го поддржи протоколот и им налути на пратениците на владејачката ДПС затоа што свечено го пречекале претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.
„Тој е познат по носењето на автомати и пукање кон македонската полиција. Срам да ви е “– порача Мандиќ.
Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дарматовиќ, истакна дека пратениците пред себе имаат историска одлука и дека пристапувањето на Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион.Црна Гора го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.