СТУДЕНО УТРО: Денес облачно, еве кои делови да очекуваат дожд и снег
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022
Минусни температури утринава ширум земјава.
-10 степени се измерени во Берово, а Скопје се разбуди со -8.
Променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег.
По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Времето утре
Претпладне променливо облачно со слаб локален снег. Во текот на денот облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови.