23 Април, 2018
0.0487

Студентите од Клауд Академиите ќе работат на развој на иновативни производи наменети за домашен и странски пазар

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2015

Вчера во Њу Менс Бизнис Акцелераторот беше одржана средба меѓу студентите и дел од компаниите партнери на акцелераторот, каде што се промовираа најнови иновативни проекти на компаниите во чиј развој и реализација ќе можат да се приклучат студентите од Клауд Академиите уште од самиот почеток на програмите. Ваква можност без исклучок ќе имаат студентите од сите програми: Развој на веб, мобилни и клауд апликации, Графички и веб дизајн, 3Д моделирање, анимација и пострподукција, Маркетинг, адвертајзинг и комуникации, Компјутерски мрежи и сајбербезбедност.

Ваквата соработка со компаниите партнери е израз за довербата во квалитетот на стручната едукација што ја нудат програмите на Клауд Академиите на Акцелераторот со оглед дека станува збор за комерцијални проекти на компаниите за кои имаат поставено реални бизнис цели и ќе се работи со реални буџети и прецизни пазарни очекувања.

“Компјутерска и мрежна безбедност, графички и веб дизајн, развој на веб и мобилни апликации, сите оние вештини кои што вие ги развивате тука се од исклучителна важност за нашиот проект. Затоа можноста за вклучување во вакви проекти треба максимално да ја искористите со цел во реални пазарни услови да го имплементирате знаењето што ќе го стекнете на Академиите и да ги потврдите вашите вештини во реални бизнис услови”, Игор Стаматовски, основач и директор на ИБОРН, компанија носител на еден од проектите што ќе биде наменет за пласман на пазарите во Западна Европа.

studenti 1

Освен што студентите ќе можат да го прикажат своето знаење во областа во која специјализираат, преку овие проекти тие ќе работат и на надоградување на бизнис вештините, работа во тим со колеги од другите области, презентација и комуникација пред компаниите носители на проектите кои ќе треба да ги прифатат нивните предлог решенија, а ќе можат да видат и како нивните решенија и предлози се прифатени од страна на реалните корисници на пазарот.

“На нашиот проект се работи веќе подолг временски период и самиот проект е ориентиран за странски пазари, пред сè Америка. Она што е важно за вас, е да ги покажете вештините кои што ќе ги развиете тука, а при самиот развој на проектот вие ќе добиете и други значајни бизнис вештини кои што додаваат вредност и на вашето портфолио и на вашиот професионален став во индустријата во која што се развивате”, Глигор Дачевски, претприемач, носител на проектот CalorieScale.

Академијата ќе започне во третата недела во Октомври, а веќе активно се работи на подготовка на студентите за академиите и комуникација и запознавање со нивните ментори и компании каде што тие во иднина би можеле да добијат и официјална пракса и професионален ангажман.

“Овие иницијативи и вакви непосредни средби со поискусните луѓе во бизнис средината како нас, ако не сега, во иднина дефинитивно ќе разберете зошто ви се потребни и премногу важни во процесот на вашиот професионален развој. Вие како новите генерации на знаењето, не само што треба да го прифатите овој нов концепт на приближување со компаниите, туку треба да го водите, а преку него да научите како е да работите самостојно, да ги пронаоѓате работите кои што вас ве интересираат на време, а не тоа да го искусите подоцна и некој да ви виси постојано над глава и да ве притиска да правите нешто што не ве исполнува”, Илија Јованоски технички директор во компанијата за развој на софтвер Прајм Аппс, која работи на нов иновативен проект со средства обезбедени преку Фондот за иновации и технолошки развој.

studenti 2

Во рамки на Акцелераторот, започна со работа и Прототајпинг студиото, и во него веќе се работи на првиот иновативен продукт чиј прототип е најавен за крајот од овој месец. “Станува збор за Телеконференциски Робот, на кој што ќе може да ги вклучиме сите студенти од Академиите кои ќе можат да дадат реален придонес во процесот на дизајн на производот, програмирање, маркетинг стратегија за пристап до клиентите и развој на самиот производ и проект од неговиот старт па се до неговата комерцијализација.” – Влатко Ќосев, Координатор на прототајпинг студиото во акцелераторот, а минатогодишен студент на Академиите.

Александар Бојкоски, студент на Академијата за графички и веб дизајн “Од презентацијата на проектите можам да согледам дека се работи за амбициозни, но реални и остварливи проекти. Ова е одлична можност да се види процесот на развој и начинот на организација на времето и ресурсите. Дополнителна мотивација е практичното искористување на вештините кои ги поседуваме во нешто што на крај ќе даде готов производ спремен за пазарот.“

Пријавувањата за академиите сè уште се во тек и неподелени се уште неколку стипендии во висина од 50% и 70% (Линк за аплицирање: https://goo.gl/rl637Y Повеќе инфо на www.newmansba.com)

Можеби ќе ве интересира

Виталиа меѓу првите компании што го поддржаа системот за донирање на храна

Виталиа меѓу првите компании што го поддржаа системот за донирање на храна

На Скопскиот маратон ќе трчаме заедно со Стопанска банка а.д. Битола

На Скопскиот маратон ќе трчаме заедно со Стопанска банка а.д. Битола

На хуманитарниот базар во училиштето „Нова“ се собраа средства за Универзитетската детска клиника во Скопје

На хуманитарниот базар во училиштето „Нова“ се собраа средства за Универзитетската детска клиника во Скопје

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Идеални за живот: Топ 10 градови во кои стрес на постои!

Идеални за живот: Топ 10 градови во кои стрес на постои!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Adidas Running ги претстави новите AlphaBOUNCE Beyond патики за трчање

Adidas Running ги претстави новите AlphaBOUNCE Beyond патики за трчање

ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ

Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ