23 Април, 2024
0.0322

Студија на почетокот од грејната сезона: Две третини од Македонците се уште се греат на дрва

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва за греење, 29 отсто користат електрична енергија, а само осум проценти се приклучени на централно парно греење, покажуваат податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“ на почетокот од новата грејна сезона во Македонија. 

Доколку доволно би се развил гасоводниот систем во земјава, првенство би имало греењето на гас.

Греењето со огревни дрва, според експертите, се уште е економски најисплатливо, а со електрична енергија е еколошки најприфатливо. Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање или најчесто околу шест кубни метри. Доколку се подели вкупната дрвна маса што се сече на годишно ниво со бројот на кубните метри неопходни за греење се добива дека повеќе од 130 000 домаќинства се греат на огревно дрво.

Цената во ЈП „Национални шуми“, согласно нивниот повик не смее да биде повисока од 2 900 за буково и 3 000 денари за дабово дрво. Но сепак, просечната, пак, малопродажна цена за  кубен метар буково огревно дрво во приватните складишта се движи од 3 300 до 3 800 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по кубен метар. Според тоа, просечно македонско домаќинство одвојува од 18 до 22 илјади денари годишно.

Цената на електричната енергија за еднотарифните мерила изнесува 4,77 денари за потрошен киловат час, а експертите велат дека се доаѓа до заклучокот дека дневно за греење ќе се потрошат во просек по околу 25 киловат часови или околу 120 денари. Кога на нив ќе се додадат и 18 отсто за ДДВ се добива дека дневно ќе се трошат по 140 денари за загревање или 4 200 денари месечно, односно околу 25 200 годишно.

Цената би била речиси двојно помала доколку се грее со инвертер , но ваквиот вид на греење експертите не го препорачуваат како главно, туку само како помошно, бидејќи при екстремно ниски температури под – 15 степени Целзиусови инвертерот најчесто не може да работи или не може доволно да загрее. 

Пресметката, според калкулаторот на Регулаторна комисија за енергетика, покажува дека просечната сметка за греење на стан со парно од 60 квадратни метри изнесува околу 2 000 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4 000 денари ако се плаќа на шест рати. Произлегува дека годишно за греење на стан од 60 квадратни метри се неопходни околу 24 000 денари. 

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелетни дневно, а од таму произлегува дека месечните трошоци изнесуваат над 5 000 денари или околу 30 000 денари на годишно ниво за загревање на површина од 60 квадратни метри. со овој начин на загревање.



Можеби ќе ве интересира

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите