Субвенционирањето на нови возила ќе се разгледува на владина седница
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019
Субвенционирањето на нови возила ќе се разгледува на денешната редовна владина седница.
Исто така се најавува и разгледување на забелешката на ревизорите за скапоплатениот систем кој треба да ја анализира работата на службениците на целиот јавен сектор, а за чие одржување се платени 2 милиони евра, но сепак е утврдено дека не е во функција.
Ќе се дискутира и за субвенционирањето на инвертер климите во најзагадените градови - Скопје, Битола, Кичево и Тетово.
Информација во врска со иницијативата за воспоставување на еден заеднички граничен премин (One stop shop) помеѓу Македонија и Албанија на Ќафасан.
На оваа седница на владата ќе се разгледа информацијата за можноста од воведување на систем за масовно алармирање и предупредување на граѓаните.
Министерството за економија за оваа седница ги предложи точките Предлог - закон за енергетска ефикасност,
Министрите во владата ќе се произнесат и за Информацијата за предлог проект програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“.
Министерство за здравство за оваа седница на владата ја предложи точката Информација со Акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници.