19 Март, 2024
0.0260

СУДИЈКА, НАРЕДНИК, ПОЛИЦАЈЦИ, ВОЈНИЦИ МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Екс-пратеничката на АФД поседува огнено оружје

Објавено во: Свет 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Големата операција на истражните органи против десничарската екстремистичка терористичка мрежа која планираше да ја собори владата им донесе олеснување на бројни политичари. Според информациите на „Der Spiegel“, специјалните полициски сили рано утрото уапсиле 25 лица по налог на Федералниот јавен обвинител и Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА) и претресле десетици станови, канцеларии и складишта во единаесет сојузни држави. Во рациите беа вклучени вкупно 3.000 полицајци.

Федералната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од СПД изјави дека осомничената терористичка организација откриена денеска е водена од фантазии за насилно соборување и заговорни идеологии. Според неа, само дополнителните истраги ќе дадат јасна слика за тоа до каде биле плановите за пуч.

Сојузниот министер за правда Марко Бушман ги опиша рациите како „антитерористичка операција“. Демократијата е одбранета“, напиша министерот на Твитер. По апсењата и претресите, неговиот партиски колега, лидерот на парламентарната група на ФДП, Константин Куле, побара уште поостра акција против екстремистичките функционери. „Секој што го отфрла, па дури и сака да го укине државниот поредок во Германија, не може да биде државен службеник. Во текот на истрагата обвинети се неколку поранешни војници на Бундесверот, како и командант кој служи како логистичар во Командата на специјалните сили (КСК). Исто така, уапсен е и еден суспендиран полицаец.

Дел од групата се и поранешни пратеници на АфД. Според истрагата, во групата е и Биргит Малсак-Винкеман (58), поранешна пратеничка на АфД во Бундестагот. За неа, која сега е  повторно судијка во Берлин, постојат силни сомневања дека поседува неколку огнени оружја. Нејзиниот адвокат одби да даде каков било коменатар.

Заменик-портпаролот за внатрешна политика на парламентарната група на СПД, Ули Гроч, рече дека „врските со АфД“ не се „изненадувачки, бидејќи уште еднаш покажуваат колку се антиуставните делови на партијата“. АфД првично не ја коментираше големата рација.

фото: EPA-EFE/Filip Singer

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕР, СКАРАЏИЈА, ПОП И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Роботи веќе ги заземаа овие работни места, испадна дека се поевтини од работниците

КЕЛНЕР, СКАРАЏИЈА, ПОП И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Роботи веќе ги заземаа овие работни места, испадна дека се поевтини од работниците

ПРЕД 10 ГОДИНИ СЕ СПАКУВАА И ЗАМИНАА ВО НОРВЕШКА ПО ПОДОБАР ЖИВОТ, НО ДАЛИ ГО НАЈДОА? Еве што велат двајца црногорски инженери за животот во Скандинавија

ПРЕД 10 ГОДИНИ СЕ СПАКУВАА И ЗАМИНАА ВО НОРВЕШКА ПО ПОДОБАР ЖИВОТ, НО ДАЛИ ГО НАЈДОА? Еве што велат двајца црногорски инженери за животот во Скандинавија

ОБЈАВЕНА ШОКАНТНА ЛИСТА НА ВОДЕЧКИ ЛИДЕРИ ВО 21 ВЕК: Само Путин е Путин

ОБЈАВЕНА ШОКАНТНА ЛИСТА НА ВОДЕЧКИ ЛИДЕРИ ВО 21 ВЕК: Само Путин е Путин

„ИЛИ ЧАРЛС Е МРТОВ, ИЛИ КЕЈТ“: Наголемо се нижат шпекулации и теории на заговор, а „Би-Би-Си“ долеа масло на огнот

„ИЛИ ЧАРЛС Е МРТОВ, ИЛИ КЕЈТ“: Наголемо се нижат шпекулации и теории на заговор, а „Би-Би-Си“ долеа масло на огнот

УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА БАНКРОТИ ВО ГЕРМАНИЈА, НИТУ СВЕТСКИ ГИГАНТ НЕ УСПЕА ДА ГИ СПАСИ: Еве сега која компанија ги затвора вратите по 38 години

УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА БАНКРОТИ ВО ГЕРМАНИЈА, НИТУ СВЕТСКИ ГИГАНТ НЕ УСПЕА ДА ГИ СПАСИ: Еве сега која компанија ги затвора вратите по 38 години

ПОСКАПУВААТ НЕДВИЖНИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Најбарани се имотите во Истанбул, Анкара и Измир

ПОСКАПУВААТ НЕДВИЖНИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Најбарани се имотите во Истанбул, Анкара и Измир

ХОДОРКОВСКИ ДО ЗАПАДОТ: Не ја признавајте победата на Путин

ХОДОРКОВСКИ ДО ЗАПАДОТ: Не ја признавајте победата на Путин

НАЈКРАТКАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ: Потребни се само три чекори за да ја поминете

НАЈКРАТКАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ: Потребни се само три чекори за да ја поминете

ЦРН БИЛАНС: Колку деца загинаа досега во Газа?

ЦРН БИЛАНС: Колку деца загинаа досега во Газа?