14 Февруари, 2025
0.0467

„Судијката беше братучетка на виновникот, сведоците исчезнаа - фактите беа извитоперени“: Анастасија зборува за неправдата откако била прегазена на тротоар

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Бев прегазена на тротоар кога имав само 10 години. Возачот иако под дејство на алкохол, не понесе одговорност, бидејќи судијката му била братучетка и целиот записник беше изменет за на крај да испадне дека јас невнимателно сум ја преминувала улицата.

Ова се зборовите на Анастасија Ангелковиќ, која денес има 34 години и со грутка во грлото, охрабрена од споделените приказни и последното убиство на Фросина Кулакова, за Женски магазин си ја отвори душата и ни раскажа низ што поминала.

Завршила во болница, а во првите мигови ништо не ѝ било јасно. Добила потрес на мозокот, амнезија, напукната карлица и 3 месеци била во лежачка положба.

- Во тишината на болничката соба, бипкање на апаратите беше единственото што го слушав. Кога ги отворив очите, првата слика што ја здогледав беа две силуети над мене – мајка ми и баба ми. Лицата им беа влажни од солзи, а нивните раце нежно ги галеа моите, како да сакаа да ме задржат во реалноста, да ме уверат дека сум тука, дека сè ќе биде во ред. Но, во тие први мигови, ништо не ми беше јасно.

Што се случи? прашав со глас што едвај ми излегуваше од устата. Тие се погледнаа меѓу себе, како да не знаеја од каде да почнат. Мајка ми ја стегна мојата рака посилно, додека баба ми тивко ја избриша последната солза што ѝ се стркала низ образот - раскажа Анастасија која подоцна вистината ја дочекала како студен бран.

- Очевидците зборуваа – некој возач ме собрал од тротоарот. Полицијата стигнала брзо, а тестот покажал висок процент на алкохол во неговата крв. Нешто што во нормален свет би значело јасна вина, праведен исход. Но, не и овде. Не и во овој систем - вели Анастасија продолжувајќи да се сеќава на немилиот настан, додавајќи дека фактите биле извитоперени, заменети со лаги кои им одговарале на некои повлијателни луѓе.

Но, за Женски магазин, Анастасија раскажува дека приказната се сменила, заедно со записникот во кој пишувало дека таа невнимателно ја преминала улицата, дека немало  алкохол кај возачот, дека, наводно, сум излетала пред автомобилот без предупредување. 

- Иако живеев на спротивната страна, иако немаше никаква причина да бидам таму, на другата страна, фактите беа извитоперени, заменети со лаги што одговараа на некои повлијателни луѓе.

Судијката? Таа не беше неутрален арбитер на правдата, туку братучетка на виновникот. Сведоците? Тие, едноставно, не се појавија. Исчезнаа како да никогаш не постоеле – вели Анастасија.

Од целата оваа приказна , нашата соговорничка вели дека научила нешто што ниту едно дете не треба да го научи толку рано а тоа е дека вистината не е секогаш доволна. 

- Но, и покрај сè, одлучив дека нема да дозволам да ја заборавам. Затоа што ако нешто го паметиш, тоа никогаш не може целосно да биде избришано - кажа за крај оваа храбрата девојка.

Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!