СУДОТ ОДЛУЧИ: Тодориќ може од затвор со кауција-не смее да го напушти Загреб
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2018
Ивица Тодориќ останува во притвор во Реметница ако не плати кауција од 7,5 милиони куни (околу милион евра) во кеш.
Судот одлучил дека Тодориќ може на слобода со соодветни мерки на претпазливост и кауција. Му одредиле кауција од 7,5 милиони куни и мерка забрана за напуштање на подраќјето на Град Загреб и мерки на предавање на пасош.
„Судот ја преиначи одлуката на истражниот судија и тоа е во делот кој се однесува на кауцијата. Судот смета дека и со кауција, со соодветни мерки на внимание, може да се постигне истата цел како и со истражниот затвор“, рекол портпаролот на округниот суд Крешимир Девчиќ.