Судот одреди притвор за тројца од „Дурмо турс“ за автобуската несреќа кај Ласкарци
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство доцна синоќа се прифатени од страна на судот за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници.
Притворени се возачот кој возел со 100 километри на час и сопственикот и директорот на компанијата „Дурмо турс“ кои манипулирале со тахометарот. Станува збор за лицата со иницијали Д.Б. Р.М. и М.Т за кои судот го прифати предогот на ОЈО.
За две лица за кои обвинителството бараше притвор, судот определи мерка куќен притвор, додека за уште две лица се одредени мерки на претпазливост.
Вчера обвинителството излезе со детали по завршениот извештај од истрагата.