Сугаревски најави кога ќе биде пуштен автопатот Миладиновци –Штип
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2019
И покрај најавите коишто ги дадоа министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на Државни патишта, Зоран Китанов дека автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба до крајот на месец мај, сепак тоа не се случи.
Сугаревски одговарајќи на новинарско прашање рече дека деновиве треба да биде пуштен во употреба автопатот, објаснувајќи ги инвестициите во патната инфраструктура пред новинарите.
Така најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при вчерашниот увид на градежните работи на патот од Прилеп до Вештачкото езеро.