СУМАТА ПОЗНАТА: Најмоќната економија ќе „експлодира“ со катарски пари
Објавено во: Економија 07 Септември, 2018
Катар ќе вложи голема сума на пари во земјата со која управува Ангела Меркел. Земјата планира директни инвестиции од 10 милијарди евра. Овие пари ќе бидат распределени во пет години, изјави емирот Тамим бин Хамад ал Тани.
„Со цел да ја покажеме нашата верба во силата на германската економија и важноста да се инвестира во неа, би сакал да најавам дека Катар планира да инвестира 10 милијарди долари во Германија во наредните пет години,“- вели Ал Тани.
Емирот говореше на отварањето на конференцијата за инвестиции помеѓу Катар и Германија, и додаде дека трговијата помеѓу овие две земји се удвоила и достигнала 2,8 милијарди евра.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, на конференцијата изјави дека инвестициите на Катар се добредојдени.
Ја избрале Германија затоа што има добра економија и е добро таму да се инвестира.