Свадбарите дома, хотелот под клуч: Растурена свадба во Тетово
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
Затворен е хотел во Тетово во кој според првичните информации вчера вечерта била организирана свадба.
На веселбата присуствувале неколку десетици гости кои сепак не успеале да го завршат веселењето. Од Државниот пазарен инспекторат и од МВР од каде за денеска најавуваат повеќе информации за случајот, потврдуваат дека гостите се испратени дома, а угостителскиот објект е затворен.
Официјалните лица постапиле согласно одредбите и ограничувањата за забрани за големи собири согласно протоколите за Ковид-19.
Ова не е прв случај на вакви прекршувања.