25 Април, 2024
0.0289

Сведочењето на Нинџа драматично, но никој не му верува

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Правници тврдат дека сведочењето на Александар Василевски Нинџа како обвинет за упадот во Собранието на 27 април на вчерашното судско рочиште не треба да се земе здраво за готово, со оглед на неговото досие и минат труд и дека неговите искази треба дополнително да се проверат и да се поткрепат со поубедливи докази.

Најдраматичен белег од сведочењето остави неговото тврдење дека дента на 27 април пред да се упати во Собранието бил во палатата „Христо Татарчев“, односно во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ за да се види со Сашо Мијалков, но всушност на осмиот спрат имало „штаб“. Истиоот го сочинувале, според Нинџа, Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои ги слушал како даваат инструкции по телефон и го координираат упадот на толпата.

„Има многу нејасни работи. Како од толкава партиска машинерија во ВМРО-ДПМНЕ, во тој драматичен ден, покрај сега притворените (Чавков, Јанакиески, Божиновски) во штабот на партијата тој ги видел само Билјана Бришковска Бошковски и Спиро Ристовски? Зошто останал таму, ако таму не го нашол Сашо Мијалков, лицето кое го повикало во 'базата'? Зошто и хотелот 'Мериот' бил база на таков профил на луѓе? Каква соработка имал Василевски со поранешниот директор на УБК, Мијалков, ако наредбите ги примал од Грујевски и Бошкоски. Како успеал точно да утврди со кого разговарале присутните во партискиот штаб?“, се дел од дилемите кои правниците ги поставија за Дојче Веле за кои сметаат дека не е обезбеден одговор.

За нив е и „многу симптоматичен“ и фактот што Василевски во исказот ги посочува токму Бришковска и Ристовски, двајца од потписниците на писмото што неодамна го обелодени поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, а кои јавно повикаа на помирување и поддршка на осумте независни пратеници и на интегративните процеси на Македонија.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот