25 Април, 2024
0.0287

СВЕДОК ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ: Возачите на „Дурмо турс“ со години манипулирале со уредите за брзината

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По шокантната пресвртница на минатото рочиште за кобната трагедија кај Ласкарци, денеска нови детали.

Дека автобусот на смртта на „Дурмо турс“ имал уред со кој се манипулирала брзината денеска признава возач од компанијата кој истиот ден се возел во автобусот но не и во моментите кога загинаа .

На рочиштето денеска Филип Наумовски како сведок открива дека речиси осум години автобусите на Дурмиш Белули имаат такви уреди.

– Автобусот дента го возевме јас, Џемаил и Мануел. Првата тура од Гостивар за Скопје и назад во 7 часот мислам дека ја возеше Мануел. Потоа во 11 часот турата мислам дека ја возеше Џемаил. Во тој период Мануел беше на дневен одмор, како пауза, рекол Наумовски, пренесоа медиумите.

Тој раскажа и дека за време на возењето на автобусот кога се враќал за Скопје возачот кој ја предизвика несреќата не се пожалил на никакви здравствени или технички проблеми и дека истиот ден автобусот цело време возел на една тахографска лента.

– Тахографските ленти седеа во кутија во автобусот. Таму ги стававме старите и стававме нова. Сите возевме на една лента. Знаевме дека не треба, ама така правевме. Дента јас не ја пополнив тахографската лента, не знам дали некој во гаража, посочил Наумовски.

Меѓудругото , кажа дека ниту сопственикот, ниту пак одговорниот за транспорт не барале возачите да ги контролираат тахографските ленти а знаел дека сите три автобуси на таа релација имаа таков уред.

Во трагедијата кај Ласкарци животите ги загубија 16 лица, а 37 беа повредени.

За тешки кривични дела во овој случај се осомничени сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски, а за соучесници се гонат тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг