Сведок во случајот „Таргет-Тврдина“ откри кој се имал пристап до прислушуваните броеви

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019
Пристап до фолдерите каде биле маркираните броеви имале Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ .
Ова се лицата кои според денешното тврдење на сведокот Марјан Јанколовски, имале привилегија да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораките.
Сведокот ова го откри ова во денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите додавајќи дека немал никогаш налог од Звонко Костовски на ливче или усно да маркира некој број.
Сведокот , како што се наведува ги „режел” ЦД-та со снимените разговори кои дел биде со судски наредби, а дел без. Без судска наредба и ги предавал дисковите на Надица Николиќ. Само еднаш имал барање од Горан Грујевски да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Можеби ќе ве интересира
Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

ФОКУС НА ДЕНОТ: Администрацијата, Заев, министрите чистеа смет, Десковска ја предаде златната метла

Премиерот и министрите беа дел од „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре’“

ВМРО-НП e против тоа 80 отсто од амбасадорите да бидат дипломати од кариера

На Ѓавато видливоста е намалена од 50 до 100 метри

Жена заврши во болница откако воз удри во автомобил
