19 Април, 2024
0.0298

СВЕДОШТВА: Армија граѓани останале со „дупки во стажот“ – ќе има ли одговорност?

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Иако, Фондот за пензиско осигурување се огласи во врска со ревизорскиот извештај во кој стои дека ПИОМ исплатил 4 милиони евра на починати лица, и изгубил документи за стаж на повеќе од 4.200 осигуреници, сепак на социјалните мрежи по овој скандал многу граѓани обелоденија дека се соочиле со овој проблем и не можеле ништо да сторат.

Увиделе дека им фалат 4,5,6 години работен стаж. Помош барале во Државниот архив, некои се изложувале на дополнителни трошоци со тоа што барале услуги од сметководители кои би им помогнале да ги приберат документите и да го комплетираат стажот. 

„Штом станува збор за придонеси од времето на СФРЈ, не може да не се платени, затоа што М4 образец се носеше задолжително, и беше казниво ако не се исполни таа обврска. ПИОМ ги има изгубено податоците. Овие денови слушнав на вести за аферата. И мене ми фалат 6 години стаж, и тоа од 90-те. Во потрага сум по тоа каде се податоците, се надевам дека ќе средам“, вели средовечна жена.

Друга нејзина сограѓанка смета дека потрагата по стажот кој недостига е само губење на време, и тоа нема да вроди со плод.

„На мој близок не му се сметаа 5-6 години стаж, си остана без нив. Човек ако тргне по тој пат, само ќе се нервира и ќе губи нерви, друго ништо нема да се случи“, додава Aна М.

Фирмите во кои овие луѓе работеле со години денес не постојат, сопствениците се починати, а дел од граѓаните имаат и работен стаж во другите екс југословенски републики, и тоа бара дополнително трчање од институција до институција за да се приберат сите податоци. Овие граѓани се разочарани, и коментираат дека повеќе нема да гласаат на избори, затоа што и онака никој не работи во интерес на граѓаните.

„Требаше да земам инвалидска пензија, но ми фалеа 6 години, и ништо не направив. Бев само во ПИОМ, и никаде на друго место. Фирмите денес не постојат. Сега болна, инвалид, наместо да земам пензија, јас работам на овие години. Државата е крива. Имам извадена тироидна, притисокот ми се качува. Но, благодарна сум на газдата што има разбирање и што ми дава шанса да работам. Во работно време одам на лекар, а треба да закажам и операција за отстранување на дојка. Јас сум цело време по лекари, но секоја чест на мојот газда, немам зборови со кои можам да го пофалам“, раскажува Славица Митрушовска.

Од Министерството за труд и социјална политика не добивме одговор, што понатаму со овие луѓе, кои се оштетени по туѓа вина.

ДАЛИ ОШТЕТЕНИТЕ ГРАЃАНИ ИМААТ ПРАВО ДА ТУЖАТ?

Оливера Доцевска, адвокат и претседател на Јустиција, вели дека без оглед на тоа дали податоците се изгубени, или кај одредени осигуреници нема утврдени периоди на осигурување, каде Фондот ја префрла одговорноста на законската обврска за доставување на документацијата од областа на трудот на граѓаните, и без оглед на тоа дали станува збор за мала или голема бројка, станува збор за луѓе, кои работеле цел животен век и имаат право на сигурност во староста.

„Не е важно од кои причини дошло до загуба на податоци, неточни или непотполни или пак овие податоци ги регулирал пред да влезе во пензија. Согласно со Уставот на Македонија, темелни вредности на уставниот поредок  на Македонија се основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, како и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста. Во таа насока е и граѓанското и политичко право и слобода, на еднаквост, а граѓаните имаат право на социјална сигурност, социјална заштита, при што Републиката Македонија мора да се грижи за заштита за немоќните и неспособните за работа, а сите закони и правилници мора да бидат во согласност со Уставот и ратификуваното меѓународно право за човекови права, кое пак не може да се менува со Закон. Во таа насока, премногу би било да се набројуваат десетици одредби, но најважно е дека Фондот е тој кој како институција и орган со службени лица, платени од граѓаните  и Буџетот,  кои се тука за остварување на правата на граѓаните, е должен според Законот да ги следи и анализира состојбите за пензиското и инвалидско осигурување, и за законско остварување на правата и интересите на граѓаните“, вели Доцевска.

Додава дека Фондот  има и Управен одбор од членови кои ги избира Владата, кој еднаш годишно поднесува извештај до Владата, кој го следи остварувањето на ратификуваните меѓународни договори  и спогодби за оваа материја и прашање, разгледува прашања, извештаи, информации  и други материјали во врска со состојбите и проблемите од пензиското и инвалидското осигурување.  Исто така има и директор и заменик директор кои ги предлага и именува Управниот одбор, но со согласност од Владата.

„Значи овој циклус на хиерархиска одговорност почнува и завршува со овие клучни носители на позиции и власта и Владата наведени погоре. Кога станува збор за остварување на правата низ општата управна постапка, повторно, мора да бидат целосно заштитени правата и интересите на граѓаните, па  во доказна постапка, органите секогаш треба да бидат на услуга и раководени од остварувањето на нивните интереси, па во тој случај овие органи треба да се погрижат да се изведат доволно докази, писмени па и усни и да се регулира правото на пензија.  Не треба веќе никој во државата, извршната, па и правосудната власт да се прават постојано слепи и глуви при очигледни факти и докази кои ги приложуваат граѓаните, а кои никогаш на органите и институциите не им се чинат доволни, доволно бели,  доволно силни ако треба да се ускрати некој денар повеќе за да има за служебни трошоци и политики кои се далеку од секојдневните животни потреби. Ситиот гладниот никогаш не го верува. Сметам дека Владата, и Фондот треба да си ја прифатат одговорност,  да не ја префрлаат на граѓаните, но дека нема потреба од тужби“, додава Доцевска.

Бара ова прашање да се реши под итно, затоа што како што вели управната постапка и управните спорови можат да траат со години,  а најоштетен и исцрпен е граѓаниот кој може и да замине од овој свет  дури му се реши правото на пензија, да биде социјален случај или да заврши на улица.

Лани, српските медиуми објавија дека Србин додека чекал образец од македонскиот ПИОМ станал социјален случај. И за ова никој не се огласи да објасни каде затаил целиот процес.

ПРОБЛЕМОТ ТРАЕ СО ДЕЦЕНИИ

Проблемите со неевидентиран пензиски стаж постојат со децении и се резултат на неодговорност за кое нема оправдување, вели Рубинчо Аризанкоски, секретар на Здружение Достоинствен Работник Прилеп.

„Ова значи дека се одземале пари на работниците што со години ги одвојувале од својата уста за да можат да егзистираат кога ќе отидат во пензија, а веќе дознаваат дека уплатените пари се потрошиле за нешто друго. Според податоците на Државниот завод за ревизија утврдено е дека на 4.210 граѓани кои исполнувале услови за пензија, на денот на ревизијата им недостигал пензиски стаж. Така што, фирмите во С.Македонија одеа под стечај или беа ликвидирани, а стажот на работниците остана недефиниран т.е незапишан во ПИОМ. Но, покрај „загубените“ документи за пензискиот придонес кога тој се уплаќал, Државниот завод за ревизија утврдил дека фирмите не им платиле на вработените 175 милиони евра за придонеси до крајот на 2008 година, а работниците биле изманипулирани. Се дозволи тоа да се прави аматерски без потребната целосна документација. Тоа е една огромна неодговорност од страна на институциите за која нема оправдување, а барем досега не била ни една фирма казнувана“, додава тој.

Апелира работниците да го проверуваат стажот, и доколку не е платен согласно законските регулативи навремено да си реагираат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне