Мајка на три деца загинала штитејќи го двомесечниот син од куршумите: Сведоштва од Ел Пасо
Објавено во: Свет 05 Август, 2019
Пазарењето училишен прибор заврши трагично за мајка на три деца која последната прошетка во Волмарт ја однесе во смрт. За да го заштити од куршум својот двомесечн син со кој била тој ден, Џордан Анчхондо починала на лице место во трговскиот во кој беше извршен масакр во Ел Пасо во Тексас во саботата. Нејзиниот сопруг Андре се уште се води за исчезнат, јави Си-ен - ен.
Двојката купувала училишни материјали во Волмарт, а мајката на три деца починала откако била застрелана заштитувајќи го својот син.
„Бебето сè уште имаше крв врз него. Ги гледате овие работи и никогаш не мислите дека ова ќе се случи со вашето семејство“, рекла нејзината тетка.
Таа е една од дваестмината загинати откако човек отвори оган во трговскиот центар. По 24 часа само во друг напад загинаа деветмина во Дејтон Охајо.
Фото Њујорк тајмс