25 Април, 2024
0.0512

СВЕДОШТВА ПО НЕСРЕЌАТА НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД-НИШ: Девојче од Македонија со часови заглавено во кола со мртвите роднини

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Седум луѓе загинаа, додека 27 се повредени во два страотни верижни судири кои вчера се случија на автопатот Белград-Ниш помеѓу Чуприја и Јагодина, а причината за морбидната несреќа најверојатно е густата магла, која вчера утрото ја намалила видливоста на таа делница од патот.

Во сообраќајката каква што не се памети во Србија животот го изгубија пет државјани на Србија и двајца Македонци, а очевидци на несреќата велат дека вчера околу 7,20 часот на автопатот присуствувале на потресни сцени какви што нема ни во филмовите, пренесува српски курир.


Маглата како ѕид

-Се движев од правец Ниш. возев со нормална брзина. Имаше намалена видливост, а кога ја поминав Морава - ѕид. Ништо не гледав, од што имаше толкава магла. Почнав веднаш да кочам. Пристигнав камион пред мене. Успеав да запрам и да излезам, но тогаш возилата почнаа да се удираат. Одеднаш во автомобилот пред себе видев мртва жена, а со неа беа две деца. Се слушаше вриштење и плач“, посведочил еден возач.

Како што се дознава, најпрво околу 7.15 часот дошло до верижен судир во насока кон Белград кога се судриле два автомобили, со кои управувале две жени.

-Возачот на едне камион пришол да им помогне, ја прескокнал хаубата на нивниот автомобил. И тогаш следела катастрофата. На нив налетале седум камиони и исто толку автомобили и сите загинале. Од силината на удирот возачот на камионот останал заглавен меѓу два товарни камиони-ги прераскажува очевидец морбидните глетки.

Само пет минути подоцна, во насока кон Ниш, дошло до друг верижен судир во кој загинале четири луѓе.

-На кампер со германски регистарски таблички налетал камион со кој управувал полски државјанин. Камперот потоа се запалил, а пламенот ја зафатил и кабината на камионот зад чиј волан бил Полјакот. Во тој камион потоа се удриле автомобил, но и други теретни возила - вели еден соговорник на Курир и додава дека за само неколку минути на авто-патот настанал целосен хаос и колапс.

Како вели, во следниот момент во автомобилот на македонски таблици видел заглавено девојче, кое плачело и ја довикувало мајка си.

-Детето со часови беше заглавено во искршениот автомобил. Врескаше и бараше помош, додека на предното седиште мртви беа нејзините двајца роднини со кои патувало. Сиротото дете. Спасувачите едвај дошле до неа, а кога и пришле, била без сознание. Лекарите едвај успеале да ја смират, и тоа со седативи, раскажува потресен очевидец.


Одекнуваа крици и лелеци

По несреќата, полицијата, пожарникари, и лекари на Итната помош со часови ги извлекувале повредените и мртви од згужваните автомобили.

-До некои повредени беше тешко да се дојде, бидејќи беа буквално згмечени меѓу купот од искршени автомобили на колите. По асфалтот имаше расфрлани работи ... Ма, беше страшно. Крв на сите страни, крици и лелекања одекнуваа по автопатот. Беше ужасно, луѓето врескаа-раскажал камионџијата Лубиша Јеремиќ, пренесе српски курир.


Извор/Фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“