Свето Јаневски им остави „наследство“ на трите деца
Објавено во: Економија 10 Јули, 2019
Јане, Драгана и Кирило наследија 5.584 акции со право на глас од својот татко Светозар Јаневски во „Аутомакедонија“ за повеќе од милион евра, откако познатиот бизнис-менаџер одлучи да им ги подари и повеќе да не биде акционер во компанијата, која ги продава брендовите „Опел“ и „Исузу“.
Јане Јаневски, кој воедно е и актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“, Драгана Јаневска и Кирило Јаневски ќе добијат хартии во вредност од по 360.000 евра по пат на подарок евидентиран книговодствено.
Јаневски може слободно да се посвети на преостанатите обврски што ги има кон „Пивара Скопје“ и „Тиквеш“.