Светот се простува од Кофи Анан: Почина голем човек, лидер и визионер
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан починал денес после кратка болест, соопштено е на официјалниот профил на Твитер на Агенцијата на ОН за миграции.
„Денес ја жалиме загубата на голем човек, лидери и визонер“, се наведува на Твитер.
Анан е дипломат со потекло од Гана и бил генерален секретар на светската организација од 1997 до 2006 година.
За своја хуманитарна работа и посветеност „подобро организиран и мирен свет“ во 2001 добил Нобелова награда за мир.