СВЕТСКА БАНКА ЗА РАСТ НА ВРАБОТЕНОСТ: Македонија е подобра само од БиХ
Објавено во: Економија 19 Март, 2018
Mакедонија претпоследна со раст од само 2,7 проценти на вработеноста.
Зад нас е само Босна и Херцеговина.
Косово е лидер во регионот, со зголемување на вработеноста од 9,2 проценти.
Во извештајот на Светска банка и Виенскиот Институт за трендовите на пазарот на труд во Западен Балкан стои дека повеќе луѓе наоѓаат работа во Албанија, Србија и Црна Гора, а потешко во Македонија. Сепак гледано регионално, велат од Светска банка, невработеноста е намалена од 18,6 проценти на 16,2 проценти, што е историски најниско во некои од земјите.
Според извештајот на Светска банка токму младите луѓе кои подолго време се без работа потешко се регрутираат на пазарот на труд. Тие се соочуваат со разлики во платите, заработувајќи до 20 проценти помалку од оние што поскоро наоѓаат работа.