16 Декември, 2018
0.3013
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Светска премиера на ŠKODA SCALA – Редефинирање на компактната класа

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2018

Со нов карактер, нова технологија и ново име, ŠKODA SCALA целосно го редефинира сегментот на компактен автомобил за чешкиот бренд. Овој хечбек комбинира емотивен дизајн со високо ниво на функционалност, како и најсовремена конективност и технологија која го го пренесува сензационалниот дизајнерски јазик на концептот VISION RS.


Достапни се пет варијанти на моторот, со излезни моќности кои се движат од 66 kW (90 КС) до 110 kW (150 КС). Покрај тоа, SCALA нуди високо ниво на активна и пасивна безбедност, целосни LED предни и задни светла, голем простор за багаж, како и бројни Simply Clever карактеристики. ŠKODA SCALA  ќе биде лансирана на европските пазари во првата половина од 2019 година.

Извршниот директор на ŠKODA, Бернард Маер, изјави: „Започнуваме ново поглавје во компактната класа на автомобили со новата ŠKODA SCALA. Тоа е целосно нов модел кој поставува репер во својот сегмент во однос на технологијата, безбедноста и дизајнот. SCALA совршено го отелотворува „Simply Clever“ мотото на ŠKODA. Убедени сме дека SCALA има најдобри шанси за редефинирање на сегментот А за ŠKODA.“


Новиот концепт за внатрешноста на ŠKODA SCALA е комбинација на ергономијата и квалитет, преку одличниот простор и комфор за патниците и најголемиот багажен простор во сегментот од 467 литри. Освен тоа, SCALA е првиот ŠKODA кој ја добива најновата генерација на инфозабавни системи со екран чувствителен на допир позициониран високо на контролната табла во јасен поглед на возачот. Покрај тоа, опционалниот „Virtual Cockpit“ се одликува со најголем екран во сегментот. Дополнително на тоа се новите декоративни украси и извонредни материјали, како што се меките површини со специфична текстура низ целиот ентериер.


Со лансирањето на SCALA, ŠKODA презема неколку чекори во развојот и целосно се репозиционира во сегментот на компактни автомобили. Со одличната конективност и технологија, висококвалитетната опрема и извонредните материјали, совршено ги претставува вредностите на брендот, кои соодветно се инкапсулирани со терминот „Simply Clever“.

Можеби ќе ве интересира

Капитол мол го прославува својот 5ти роденден со забава за целото семејство

Капитол мол го прославува својот 5ти роденден со забава за целото семејство

AUTOBEST: OpelComboLife е "BestBuyCar" во Европа за 2019

AUTOBEST: OpelComboLife е "BestBuyCar" во Европа за 2019

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

ГРАД СКОПЈЕ И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГИ НОСАТ „ПАРНИ ВАЉАК“ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

ГРАД СКОПЈЕ И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГИ НОСАТ „ПАРНИ ВАЉАК“ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

И Гостиварчани добија Роса школо за родителство – донација на Пивара Скопје и Министерството за здравство

И Гостиварчани добија Роса школо за родителство – донација на Пивара Скопје и Министерството за здравство

Нова локација на КЕЦ на ЕВН Електродистрибуција - Кавадарци

Нова локација на КЕЦ на ЕВН Електродистрибуција - Кавадарци

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота - ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота - ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

ЗАПОЧНУВА ТРЕТИОТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“!

ЗАПОЧНУВА ТРЕТИОТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“!