20 Април, 2024
0.3239

Светската фотографска изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс од утре вечер во НЛБ Галерија

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

На 20 август, вторник, со почеток во 20:30 часот, во НЛБ Галеријата, „Фото сојузот на Македонија“ во рамките на своите активности „Денови на македонска фотографија“ пред македонската јавност ќе се претстават со дел од светската фотографска продукција преку проектот-институција „ФотоЕвиденсПрес“. Станува збор за проект основан во 2010 од бугарската фоторепортерка Светлана Бахчеванова и фотографот Дејвид Стјуарт. Цел на проектот е негување на традицијата за користење на фотографијата да се привлече вниманието на јавноста кон случаите каде се кршат човековите права, неправдите, мачењата  и нападите врз човековото достоинство. Фотографиите не само што го сменија начинот на гледањето на луѓето туку, во некои случаи, успеаа да го сменат и правецот на историјата.

Начинот на работа на ФотоЕвиденс е вкрстување  на фотографијата со борбата за човекови права. Нивната активност се темели на верувањето дека фотографиите сами по себе не можат да го сменат светот, но овозможуваат несомнен доказ и приказ на човечки стории за кои не може да се молчи и кои  бараат одговор. Досега ФотоЕвиденс помеѓу останатите здруженија,  стана партнер и на проекти со Пулицеровиот центар за кризни известувања, Human Rights Watch, Amnesty International и Фондацијата Open Society. 

Во три случаи ФотоЕвиденс со своите фотографски изданија (Фотобук) досега има успеано директно да влијае врз владите и да започнат процес на социjални промени.

Во последните осум години, ФотоЕвиденс Бук Аворд се доделува на еден фотограф чија работа демонстрира храброст, посветеност во потрага по социјална правда, a во 2017 година ФотоЕвиденс станува партнер на World Press Photo. Избраните проекти се публикувани од ФотоЕвиденс како дел од серија на „Фотобукови“  како признание  за работата на фотографите чија посветеност и храброст испорачува болна вистина, создавајќи свест и нетолеранција против  насилството врз човековото достоинство.

До денес ФотоЕвиденс има испечатено 25 изданија со кои се привлекува вниманието кон кршење на човековите права, мачења и напади на човековото достоинство каде и да се појави. Неколку изданија на ФотоЕвиденс најдоа свое место во: „Најдобри фотокниги на годината“ на магазинот Time, The New York Times, Smithsonian magazine, Mother Jones, Vogue и Photo- eye.

Изложбата која ќе биде претставена на македонската публика е составена од три фото стории. Фотографите Меџид Саеди, Хавиер Арценилас  и Андреа Стар Риз обработуваат теми од три различни делови на светот кои нема  да ја остават публиката рамнодушна.

„Денови на македонска фотографија“ е клучната фотографска манифестација во Македонија  и претставува пресек на творештвото на македонските фотографи во тековната година. Организатор е  Фото сојуз на Македонија и оваа година се одржува по 57-ми пат. Во нејзин склоп се одвива неколку активности од чиј дел е и изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс. 

Можеби ќе ве интересира

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни