20 Април, 2024
0.0280

Прославата на овогодинешниот Светски ден на водите беше одбележан со прекрасни сцени од Галичица, дегустација на јаболка, квиз за Преспа и проекција на наградуваниот документарен филм „Езеро од јаболка“

СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДИТЕ 2018: ОДГОВОРОТ Е ВО ПРИРОДАТА

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќе од 100 посетители присуствуваа на уникатниот твитап настан во Скопје кој имаше за цел да ја подигне јавната свест за значењето на водите и важноста од усвојувањето на решенија засновани на природните процеси  во надминувањето на предизвиците поврзани со управувањето со водите. Всушност, и глобалната тема на овогодинешниот Светски ден на водите е „Одговорот е во природата”, што го става фокусот на светско ниво токму на изнаоѓањето на начини да се исползува природата во надминувањето на актуелните предизвици  во 21 век.


На настанот #ЈаСакамПреспа организиран од страна на УНДП, Швајцарската агенција за развој и соработка и Амбасадата на Кралството Холандија, беше прикажан наградуваниот документарен филм „Езеро од јаболка“ кој прикажува еден многу успешен пример на управување со водите преку примена на  за решенија засновани на природата, што своја примена може да има и на многу други места.

Програмата на УНДП за зачувување на водите на Преспанското езеро покажа извонредни резултати:

  над 80% од локалните фармери применуваат подобрени агро-еколошки практики

  користењето на водата за наводнување е намалено за скоро 60%

  користењето на пестицидите е намалено за 30%

  намален е внесот на нетретирани отпадни води и цврст отпад во природните водни тела

  како резултат на тоа значително е подобрен квалитетот на водите, а значително е подобрена и состојбата со на автохтоните видови на риби во езерото.

Главната цел на оваа долгогодишна програма на УНДП, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка е да се обноват и заштитат природните функции на екосистемот и да се заштити биодиверзитетот, овозможувајќи притоа земјоделците од регионот да имаат достоинствена заработувачка. Преку оваа програмата решени се некои од најголемите предизвици од областа на животна средина преку изградба на системи за управување со отпадните води и цврстиот отпад, воведување на одржливи земјоделски практики подобрување на шумската покривка и подобрување на заштитата на загрозените живеалишта.

Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон ја нагласи важноста на решенијата засновани врз природните процеси. „Преспа ни покажа дека решенијата засновани врз природата имаат потенцијал да решат многу од предизвиците. Потребно е да применуваме зелена инфраструктура секаде каде што тоа е можно. Пошумување, поврзување на реките со нивните поплавни рамнини и реставрација на блатните системи - сето тоа ќе помогне да се балансира циклусот на вода и да се подобри здравјето на луѓето, истовремено  заштитувајќи ја животната средина.“

„Да се работи со природата, наместо против неа, отвора можност за поефикасна, поконкурентна и позелена економија. Со унапредувањето на околината, при што воедно корист има економскиот развој, со проектот во Преспа кој беше поддржан од Швајцарија, поставен е пример за ефикасноста на решенијата засновани на природа. Со нетрпение ги очекуваме резултатите од ваквиот пристап преку спроведувањето на нашиот нов проект кој треба да ја подобри отпорноста на Полошкиот регион кон поплави”, изјави Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада.



Холандскиот Амбасадор Воутер Пламп во својата изјава на настанот ја истакна големата важност на водата и потребата да се заштити овој скапоцен ресурс. „Водата е во ДНА-та на Холандија – таа е клучен елемент на нашата историја, економија и култура. Таа не научи на една мошне важна лекција: мораш да бидеш пријател со водата и мораш добро да се грижиш за неа. Македонија има среќа што има прекрасни езера и реки и многу сум среќен што можам да го одбележам Денот на водите и сите ваши напори да ги зачувате и промовирате овие природни богатства.“


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција