Свинско се продавало како јагнешко месо
Објавено во: Свет 10 Мај, 2013
Откриено свинско месо во халал хамбургери во Велика Британија. Хамбургерите кои се продавале со декларација за јагнешко месо се повлечени од менито во училиштата во британскиот град Лестер. По скандалот со коњско месо, кое беше пронајдено во производи со говедско, заострена е контролата во Велика Британија, а инспекторите сега најдоа нови нерегуларности.
Халал производите се користат во 24 училишта во Лестер, но хамбургерите биле испорачани во 19 училишта. Градските власти соопштија дека се згрозени од оваа ситуација и дека е срамно повеќе никој да не може да има доверба во производителите на храна.