19 Април, 2024
0.0310

Свиркач ја објави белешката по која беше притворен Орце Камчев: За одбраната е скандалозна

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Се обелодени службената белешка на Агенцијата за национална безбедност по која беше одреден притворот на бизнисменот Јордан Камчев. Иако одбраната ја бараше како доказ досега многупати, ниту од АНБ ниту од Судот белешката не ја дале на увид. Сега, беше поставена на социјални мрежи, доставена од свиркач. Во двата листа хартија кои се строго доверливи стојат информации од кои се дознава дека бизнисменот Камчев бил следен два месеци пред лишувањето од слобода, а заклучокот дека Камчев планира да бега се носи поради низа околности меѓу кои едната е средба во Берово со припадник на странска безбедносна служба, но и дека Камчев имал стан во Бугарија, како и своја болница во таа земја. 

На ова реагира одбрана на бизнисменот кој и моментно е во затворски притвор. Одбарана смета дека со објавувањето на белешката се потврдува она што го тврдат веќе два месеци а тоа е дека во оваа држава во 2021 година се лишуваат лица од слобода и им се изрекува мерка притвор врз основа на усна дојава на доушник на тајната служба, но без да се обезбедат докази за тврдењето во белешката.

Велат дека остануваат неодговорени прашањата зошто воопшто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ кога законските овластувања на АНБ се да собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата. Прашуваат дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност.

„Информациите во белешката се дека наводно Јордан Камчев го спремал бегството помеѓу 12-14 февруари. Каква дојава добила АНБ еден месец подоцна да ја достави оваа информација до обвинителството кое тогаш бара притвор? Што правеле толку време со тие информации? Зошто не ги поткрепиле со докази? Каква информација добиле на 14 март, за да го приведат на ваков скандалозен дилетантски начин? Во белешката скандалозно се тврди дека Јордан Камчев имал средба во Берово со странска служба, подготвувајќи бегство во Бугарија- средба која никогаш не постоела. Не постои ни станот. А уште поскандалозно е дека како основ за сомнеж за бегство се наведува фактот дека имал болница во Бугарија. Таа информација не е тајна- туку е една од работите со кои Орка Холдинг се гордее и се јавно објавени на веб страната на Холдингот- дека се коспоственици со Светска Банка и Аџибадем во Болница во Бугарија, велат од обраната и прашуваат дали вака Директорот на АНБ си го одработувал ветеното амбасадорско место во Белград. 

Инаку белешката не беше доставена ниту до комисијата во Собрание со образложение дека истрагата се уште во тек

Одбраната подготвува апликација до Европскиот Суд за човекови права, за како што велат, скандалозен начин на лишување на лице од слобода и изрекување мерка притвор. 

Поднесени се кривични пријави за директор на АНБ, јавниот обвинител кој како што велат, без докази и врз основа на усна белешка предложил мерка притвор, судија на претходна постапка кој изрекол мерка притвор и судии од кривичен совет кој ја продолжиле мерката притвор. 

„Вилма Рускоска веќе не може да се крие. Како шеф на Обвинителство за Организиран криминал мора да постапи и во случајот со кривичните пријави и по барањето за иземање на Лиле Стефанова. Бараме меѓународен мониторинг за следење на политичко судското изжививањето во случајот со Јордан Камчев, велат од одбраната на Камчев..

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите