28 Март, 2024
0.0253

СЗО: Деца под една година да не седат пред телевизор

Објавено во: Свет 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Децата до 5-годишна возраст да седат пред телевизор најмногу еден час на ден, а кај деца под една година воопшто не се препорачува користење, односно гледање на  телевизија, советува Светската здравствена организација,пренесуваат европските медиуми.  Во време поминато пред телевизор се мисли и на време поминато пред компјутер, телефон или таблет. Исто така не е добро за малите деца да бидат оставени во детско столче или во дубаче повеќе од еден час.

СЗО ги советува родителите кои имаат мали деца да им создадат ред на спиење, но исто така и да се движат, да бидат повеќе физички активни децата. Овие две навики ќе им помогнат во процесот на растење да создадат секојдневни здрави навики и да се заштитат  од некои болести.

Децата од една до четири годишна возраст треба да имаат разновидна физичка активност од најмалку три  часа на ден, и тоа рамномерно распоредена. За деца кои се под една година, се препорачуваат активности соодветни на возраста.

Неподвижноста или мрзеливоста  е фактор број еден кој придонесува за прекумерена тежина кај децата. Дебелината кај децата може да биде причина за болести како што се дијабетес, хипертензија и некои видови на канцер, предупредуваат од  организацијата.

Во извештајот од  пред две години Светската здравствена организација објави дека бројот на деца кои страдаат од дебелина и прекумерна тежина се зголемил десет пати во последните 40 години во светот, главно во Азија.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин