05 Август, 2020
0.0188

СЗО: Државите кои се најпогодени сега, итно да се борат

Објавено во: Свет 04 Јули, 2020

Светската здравствена организација ги повика државите најпогодени од пандемијата на коронавирусот да „се разбудат и да започнат борба, бидејќи бројките не лажат“. Македонија е инаку една од земјите каде има засилен раст на бројот на заболени, но и на смртни случаи.

„Навистина е време државите да ги разгледаат бројките. Ве молиме, не занемарувајте го тоа. СЗО разбира дека има многу добри причини за земјите кои сакаат да ги вратат своите економии на вистинскиот пат, но вие не смеете да го игнорирате проблемот, тој нема да исчезне. Ние мора да ја започнеме битката сега. Мора да го запреме вирусот сега “, изјави Мајкл Рајан шеф за вонредни ситуации во СЗО. 

Тој истакна дека земјите се соочуваат со тежок избор, но тие мора целосно „да ги кршат синџирите за пренесување на инфекцијата, вклучително и со усвојување мерки за изолација доколку нема алтернативи“. 

Во светот веќе има над 11 милиони луѓе заразени со новиот коронавирус.

Според СЗО, случаите на заразени со Ковид-10 се над двапати повеќе од случаите од обичен грип годишно. Повеќе од 520.000 луѓе починаа од Ковид-19, и речиси една четвртина од смртните случаи се во САД (129.000)

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6 787, бројката на оздравени пациенти е 2 876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 583.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ВО БЕЈРУТ: Центарот на градот срамнет од експлозија на амониум нитрат

РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ВО БЕЈРУТ: Центарот на градот срамнет од експлозија на амониум нитрат

Коронавирусот веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник

Коронавирусот веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЈРУТ: Загинаа 10, а 400 луѓе се повредени

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЈРУТ: Загинаа 10, а 400 луѓе се повредени

ГУТЕРЕШ ОЦЕНУВА: Ковид -19 е катастрофа за образованието за цели генерации

ГУТЕРЕШ ОЦЕНУВА: Ковид -19 е катастрофа за образованието за цели генерации

ШВАЈЦАРСКО ИСТРАЖУВАЊЕ: Визирите се несоодветна заштита од вирусот

ШВАЈЦАРСКО ИСТРАЖУВАЊЕ: Визирите се несоодветна заштита од вирусот

Во оваа земја на секои седум минути има по една жртва на коронавирусот

Во оваа земја на секои седум минути има по една жртва на коронавирусот

ПЕСИМИСТИЧНА ПРОГНОЗА: Можеби никогаш нема да има решение за коронавирусот

ПЕСИМИСТИЧНА ПРОГНОЗА: Можеби никогаш нема да има решение за коронавирусот

Мистериозни пратки од Кина стигнале во две земји

Мистериозни пратки од Кина стигнале во две земји

Во зима ќе има вакцина за коронавирус која ќе може да се користи?

Во зима ќе има вакцина за коронавирус која ќе може да се користи?