СЗО: Нема да се ослободиме од вирусот оваа година
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2022
Oд Светската здравствена организација(СЗО) велат дека самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен.
Велат дека ендемично само значи дека е тука засекогаш.
„Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан од СЗО на виртуелниот панел на Светскиот економски форум.
Појавата на омикрон, кој е многу позаразен од другите соеви на Ковид-19, но предизвикува многу поблаги симптоми кај вакцинираните луѓе, предизвика дебата за претворање на пандемијата, прогласена на почетокот на 2020 година, во одредена ендемична форма. Оваа дискусија генерално имплицира дека тој е многу помалку опасен.
„Нема да се ослободиме од вирусот оваа година. Можеби никогаш нема да го искорениме вирусот. Вирусите кои предизвикуваат пандемии лесно можат да станат дел од екосистемот“.
Најмалку 5.5 милиони луѓе досега починаа од коронавирусот во светот.