СЗО ПОТВРДИ: Нов рекорден број на новозаразени во светот, 189.000 само за 24 часа
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2020
Во последните 24
часа во светот се регистрирани рекорден број новозаразени со Ковид-19. Светската
здравствена организација информира
дека корона вирусот е потврден дури кај повеќе од 189.000 луѓе, што е дури за 6.000 повеќе од последната
многу висока бројка на новоинфицирани, која изнесуваше 183.000.
Во моментов, јужноамериканскиот континет е на удар, односно Бразил, кеаде во последнбото деноноќие се регистрирани речиси 47.000, потоа во САД 44.400 и во Индија со околу 20.000 новоинфицирани. Според СЗО, алармантен е бројот на починатите од Ковид-19 кој надмина 500.000 луѓе, а бројот на позитивни надмина 10 милиони.