30 Октомври, 2020
0.0182

СЗО ПРЕДУПРЕДИ: Расте бројот на хоспитализации, може да се преполнат капацитетите за интензивна нега

Објавено во: Свет 17 Октомври, 2020

Светската здравствен организација соопшти дека зголемениот број случаи со коронавирус во Европа наскоро може да доведе многу болници на граница.

Бројот на пријавени случаи на коронавирус во Европа во минатата недела бил речиси трипати поголем отколку во екот на пандемијата во првиот бран во март, изјави лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус на прес-конференција во Женева.

Но, бројот на жртвите од ковид-19 е далеку под нивото во март, додаде тој. Сепак, Тедрос предупреди дека „бројот на хоспитализации се зголемува, и во многу градови известуваат дека ќе ги пополнат капацитетите за интензивна нега за неколку недели“.

Овој тренд го загрижува СЗО бидејќи сезоната на грип на северната хемисфера исто така ќе ја зголемува потребата од болнички кревети.

Тедрос изјави дека земјите треба да усвојат единствен пристап кон ковид-19 и грипот, бидејќи и двете болести можат да бидат поразени со иста стратегија - далечина, чисти раце, маски и добро проветрени простори. Бидејќи во некои земји нема доволно вакцини против грип, СЗО препорачува да им се даде приоритет на здравствените работници и старите лица.

Само во Италија за последните 24 часа регистрирани се 10.010 нови случаи од корона вирус, што е најголем дневен биланс на новозаболени од почеток на епидемијата. Истовремено како последица од инфекција починале 55 лица, соопштило министерството за здравство.

Во таа земја постојано расте бројот на пациенти на интензивна нега и денес се 638. Како за споредба, во втората половина на јули биле околу 40.

Италија има втора најголема стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, после Велика Британија и од почетокот на пандемија во февруари починале 36.427 лица.

Можеби ќе ве интересира

Европа има над 10 милиони заразени

Европа има над 10 милиони заразени

Нападите го натераа Макрон да распореди повеќе војници на улиците

Нападите го натераа Макрон да распореди повеќе војници на улиците

ПУТИН СЕ ПОЖАЛИ: Имаат проблеми при производство на вакцината против коронавирусот

ПУТИН СЕ ПОЖАЛИ: Имаат проблеми при производство на вакцината против коронавирусот

ЛИОН: Турците им се закануваат на Ерменците, извикуваа „Алаху акбар„ и „Ова е Турција“

ЛИОН: Турците им се закануваат на Ерменците, извикуваа „Алаху акбар„ и „Ова е Турција“

Во оваа држава се потврдени првите случаи на коронавирусот

Во оваа држава се потврдени првите случаи на коронавирусот

Втора исечена глава во Франција, овој пат во Ница: Маж со нож уби тројца во црква

Втора исечена глава во Франција, овој пат во Ница: Маж со нож уби тројца во црква

Меркел целосно ја затвора Германија од понеделник

Меркел целосно ја затвора Германија од понеделник

(ВИДЕО) Ерменците заробија арапски платеници кои војуваат во Нагорно - Карабах

(ВИДЕО) Ерменците заробија арапски платеници кои војуваат во Нагорно - Карабах

Франција ќе оди во карантин?

Франција ќе оди во карантин?